Главниот одбор на Српската напредна странка ќе се изјасни на седица на 29 декември за датумот за одржување избори за Парламентот, и според извор од партијата, најверојатни датуми се споменуваат 19 или 26 април, пишува Блиц.

На таа седница според весникот, членовите ќе се изјаснат за датумот на паралментарните избори, а ќе бидат претставени и нови лица од партијата.

Изворот нагласува дека седницата ќе биде можност за анализа на резултатите, но и да се зборува за плановите.

– Ќе разговараме за најдобриот датум за парламентарни избори откако ќе завршат разговорите меѓу власта и опозицијата со посредување од европски парламентарци, нагласува изворот.