Сослушан тринаесетгодишникот осомничен за нападот во Финска, кој отвори оган во основно училиште

495
EPA EFE KIMMO BRANDT

Финската полиција денеска соопшти дека истрагата за пукањето во основно училиште во градот Вантаа напредува, а осомничениот 13-годишен напаѓач е сослушан.

– Истрагата ќе продолжи и во наредните денови со сослушување на очевидци. Полицијата изврши техничка истрага во училиштето, која ќе продолжи и утре – се вели во соопштението.

Се додава дека полицијата, меѓу другото, ги истражува мотивите на напаѓачите.