Македонската музичка легенда Војо Стојановски, кој за жал прерано почина пред неколку години, зад себе ги остави сопругата Евица, поранешната успешна новинарка (во “Вечер“) и синот Дамјан кој успешно продолжи по естрадниот фолк-пат на неговиот тато. На самиот крај од годината мама Евица емотивно се присети на некои значајни моменти од оваа сега веќе старата 2020 година:

– На личен план, годината ми беше богата. Семејството ми се зголеми. Покрај мојот единствен син Дамјан, си добив и ќерка, убавата снаа Елена, а како плод на нивната заедничка љубов го добив мојот прв внук-Војдан. Тоа се животни настани на кои датумите никогаш не се забораваат.
Но, најубаво е кога радосните моменти можеш да ги споделиш со роднините и пријателите кои ги сакаш, онака како што сакаш и како што си замислувал.

Но, оваа 2020-ковид година, не ни го дозволи тоа. Никој не може ни на личната среќа да се израдува целосно ако несреќата е насекаде околу нас. Состојбата со вирусот ги донесе стравот и тагата како доминантни емоции. Секојдневните информации за разболени и починати ни ги окупираа мислите. Запре животот на сите полиња. Згора на тоа, многу нечесни, незрели или едноставно, крајно лоши потези на политички и економски план во нашата земја, доплонително стресираа огромен број од граѓаните.

Мама Евица со синот Дамјан, а сега е и пресреќна баба на внукот Војдан 

И затоа, сите посакуваме, ваква година, на макро план, да не се повтори.
Да сме живи и здрави! Во годината што доаѓа да сме посреќни, да се дружиме, да се гушкаме, да патуваме, да твориме и да му се радуваме на животот, искрено порачува Евица, сопругата на македонската музичка икона Војо Стојановски, но и мајка на актуелната омилена музичка ѕвезда Дамјан Стојановски   Д.М./foto:FB/