Сообраќаен инцидент во Полска: Најмалку 19 лица се повредени кога автомобил удри во луѓе на трамвајска станица

44
SONY DSC

Најмалку 19 лица се повредени денеска кога автомобил удрил во луѓе кои чекале на трамвајска станица во северозападниот полски град Шчечин, соопшти локалната полиција.

Автомобилот во бегство се судрил со уште три возила, додава полицијата.

Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шќечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева за тероризам.

Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил на фреквентна раскрсница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.