Собранието вечерва беше осветлено во една од боите на ретките болести, односно во сина боја, со што се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, а во знак на поддршка на преку 300 милиони лица кои живеат со некоја ретка болест, соопшти собраниската прес-служба.
Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна поддршка, затоа што силно верува дека сите граѓани на светот имаат исти права на оваа планета и со заеднички труд на сите може да се промени многу. Ретките се многу! Ретките се силни! Ретките се моќни!, информираат од собраниската прес-служба.