Војниците од Змискиот остров, за кои беше објавено дека загинале, се живи и здрави/ВИДЕО

218

 Украинските војници од островот Црноморски змии, за кои беше објавено дека се мртви, „се живи и здрави“, соопшти украинската морнарица.

Во соопштението на морнарицата се наведува дека војниците на островот биле принудени да се предадат поради недостаток на муниција.

Претходно украинската гранична служба соопшти дека добила информација дека 82 војници се живи.

Руските државни медиуми објавија и пристигнување на украински војници во Севастопол на Крим.

Во петокот бројни светски медиуми објавија дека 13 украински војници на Змискиот остров во Црното Море, кои одбиле да му се предадат на рускиот воен брод, загинале во руското бомбардирање.

По веста, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали храброста на војниците, велејќи дека секој постхумно ќе го добие Орденот за воени херои.

„На нашиот Змиски остров, бранејќи го до последен час, херојски загинаа сите наши граничари. Тие не се откажаа“, рече тогаш Зеленски.

Змискиот остров се наоѓа на околу 48 километри од украинското копно, во северозападниот дел на Црното Море.