Словенците во ресторан на иста маса ќе можат да седат само со оние со кои живеат

57

Институтот за јавно здравје на Словенија го објави правилникот за начинот на кој ќе можат да работат угостителските објекти, а според него на иста маса ќе можат да седат само членови на исто домаќинство.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, рестораните и кафулињата ќе треба строго да се придржуваат од правилникот кој предвидуваат дека меѓу масите треба да има раздалечување од најмалку метро и пол. Гостите нема да смеат да се самопослужуваат, односно да земаат храна од заеднички садови, како оние за салати или пак леб.

Угостителите се должни да обезбедат дезинфициран прибор за јадење и тој треба да биде однесен до масата на гостите на начин што ќе се избегне контаминација. Некои препораки се тој да биде и спакуван.

Доколку некој гостин има потреба да влезе внатре во објектот и да оди во тоалет, ќе мора да употребува заштитна маска. Сопствениците, пак, ќе мораа да ги дезинфицираат тоалетите најмалку една секој час.

Мерката на една маса да седат само членови на исто домаќинство ќе важи се додека е на сила забраната за собирање на јавни површини.

Инаку, Владата дозволи од 4 мај повторно да се отворат рестораните и кафулињата, но само надворешниот дел односно терасите.

Извор:МИА