СКАНДАЛ на руски генерал: Протече снимка на која изведува стриптиз/ВИДЕО

254
Фото: screenshot Twitter Medyanın Elli Tonu

Видео на кое се гледа руски генерал како изведува стриптиз, се рашири на интернет откако под негов надзор тешко беше оштетен еден од московските изведувачки авиони во Белорусија.

Во видеото во траење од 44 секунди, кое беше споделено на Телеграм, генерал-полковник Александар Матовников танцува гол. Во пораката објавена со видеото пишува дека е „страствен познавач на ресторани и дами во Минск“.

Се додава дека „сака одговорноста за донесување одлуки да ја префрла на неговите подредени службеници“.

„Традиционална тактика да се посрамоти противникот“

Генерал-полковник Матовников моментално е заменик-началник на руските копнени сили, одговорен за военото присуство во Белорусија. Тој е поранешен член на влијателниот Совет за безбедност на Москва и служеше како човек на Путин во Севернокавкаскиот федерален округ, стратешки важен регион за Русија.

Тактиката да се посрамотат противниците со објавување компромитирачка содржина е традиционален метод што се користи во Русија, пишува британски Телеграф.

„Со објавувањето на видеото, многу е веројатно дека сакаат дополнително да го посрамотат Матовников поради оперативните пропусти кои наводно им овозможиле на белоруските партизани вчера да ја нападнат воздухопловната база Мачулишчи кај Минск и да го оштетат авионот А-50“, вели воен историчар.

Видеото беше објавено откако белоруски антивладини активисти ја презедоа одговорноста за, како што рекоа, напад со беспилотно летало врз руски воен авион во близина на Минск. Александар Азаров, шеф на антивладината организација BYPOL, на Телеграм ја презеде одговорноста за нападот на рускиот извидувачки авион А-50.