Сите да ги почитуваме мерките и да водиме грижа за здравјето, порача премиерот Заев

18

Во овој период сакам да упатам порака на солидарност, не само економска, туку солидарност за грижа за своето здравје, бидејќи со тоа го штитиме здравјето на тие околу нас, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за штипската телевизија Стар.

– Моја должност е да кажам: да казни ќе има, тоа не носи гласови, но тоа носи здравје, рече Заев и ги повика институциите да ги казнуваат тие што не ги почитуваат мерките со кои се штити животот на секој граѓани и на нивните повозрасни  родители и на децата.

Тој нагласи дека животот сапк мора да продолжи и да се избориме како целиот свет, со маска, дистанца од два метри, редовна дезинфекција, макасимална хигиена.

– Тоа е тоа што најмалку си го должиме на себе, на нашите семејства и на татковината и верувам дека ќе бидеме одговорни кон дравата и кон себе и своите семејства, порача Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат оти по овој голем пакет помош, во декември Владата ќе доносе мерки и за јануари и дека знаат државата постои за граѓаните. – Така ќе продолжиме, нема поважно од помагање на човечкиот капитал, економијата, истакна Заев

– Направивме храбри решенија, испративме порака – тука е вашата земја да ви се најде, и ќе продолжи да биде тука, но да се прашаме што правиме за себе и за нашата земја, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за штипската телевизија Стар.