Лондонскиот премиерлигаш Челзи се вклучи во трката по потписот на крилниот напаѓач од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Фредерико Киеза. Поранешниот фудбалер на Фиорентина е проценет на најмалку 60 мил. евра, а интерес за неговите услуги во последниот период покажуваат и челниците на Арсенал и Ливерпул.