Силен тајфун ја погоди Јапонија, евакуирани илјадници луѓе

43
Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON
Јапонската метеоролошка агенција соошпшти дека тајфунот Нанмадол сега е во близина на јужниот остров Јакушима, дека носи ветрови со јачина од 162 километри на час и дека полека се движи северно кој јапонскиот јужен остров Кјушу каде што се очекува да допре до копното подоцна во текот на денешниот ден.
Се прогнозира дека тајфунот ќе појде на исток и ќе стаса во Токио во вторник.
Агенцијата предвиде дека до понеделник попладне ќе падната до 50 метри дожд и предупреди на поплави и клизишта.

Агенцијата исто така ги предупреди  жителите во таа област да очекуваат силни ветрови и бранови „без преседан“, повикувајќи ги да се евакуираат.

Засега властите не пријавиле штети или повреди.

Во тешко погодената префектруа Кагошина повеќе од 9000 илјади граѓани се засолнија вчера во центрите за евакуација, додека во соседната префектура Мијазаки се евакуирани 4.700 луѓе.

Електро компанијата Кјушу соопшти дека повеќе од 93.000 домаќинства на островот Кјуши останаа без струја вчера поради штети во електричните водови и погони.

Стотици домашни летови во таа област се откажани и очекуваат дополнителни откажувања во западна Јапонија до вторник со движењето на тајфунот североисточно, соопштија авиокомпаниите Јапан ерлајнс и ОИ Нипон ервејс.

Јавниот сообраќај, вклучително со возовите и автобусите во префектурите Кагошина и Мијазаки денес се во прекин.