Современи автори од регионот во Скопје на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“

57

Во Дау-пашин амам во Скопје вечер ќе биде отворено десеттото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, при што ќе биде претставено творештвото на Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац и Томислав Османли.

Со нив ќе разговараат писателите Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Добитничка на наградата за авторски придонес во балканската литература е Оливера Николова.

Како што е најавено, на вториот фестивалски ден, утре, ќе се одржи тркалезна маса на темата „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата.

Исто така, ќе биде организирана средба и разговор со авторот и режисер Рајко Грлиќ, што ќе го води Александар Прокопиев. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Веднаш потоа, ќе следува музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга, „Полиграф“.

На затворањето на фестивалот, на 20 септември, во Даут пашиниот амам, писателите ќе читаат извадоци од нивните дела.

Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело, а ќе биде упатена и видеопорака од добитничката на „Прозарт“, Оливера Николова. Во рамките на придружната програма, на 21 септември ќе биде прикажан филмот „Караула“ на Грлиќ.

Дамир Каракаш, кој пред неколку дена ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“ во Тузла, е еден од водечките современи автори во регионот. Тој е наградуван автор и неговите дела се преведени на арапски, француски, германски, чешки, словенечки, македонски, италијански јазик.

Броња Жакељ е словенечка авторка и новинарка. Нејзината прва книга „Бело се пере на деведесет“ ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати.

Владимир Бајац, којшто е првиот лауреат на наградата „Прозарт“, после десет години повторно се враќа на фестивалот како писател, но и како издавач, основач на легендарната српска „Геопоетика“. Тој е познато книжевно име на Балканот, добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации, меѓу кои и наградата „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“.

Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и романите „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Нобеловецот“ и „Светиот волк“, добитник на наградата „Роман на годината“ на Националниот фонд за донации „13 векови Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги.

Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 31 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на четири романи преведени и во странство, десетина драмски текстови и повеќе сценарија за телевизиски, документарни и еден игран филм.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија,