Се урна таван во тоалетите во битолското средно медицинско училиште, повредена е ученичка/ВИДЕО

304
Скриншот јутјуб

Претпладнево се урна таванот во училишните тоалети на средното медицинско училиште во Битола, при што беше повредена ученичка која во моментот била во тоалетот.

Ученичката е полесно повредена, но поради болки во раката, заминала на испитувања во битолската болница.

Тоалетите биле реновирани пред неколку години. Во тек е увид во училиштето.