Се тресе тлото во Србија: Утрово два земјотреси

251

Утрово во 4.45 часот, земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во областа Петровац на Млава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија (РСЗС).

Земјотресот е регистриран на 12 километри југоисточно од тој град.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, но засега нема информации за евентуална материјална штета. По земјотресот во 4 часот и 45 минути, се случил уште еден во 5.03 часот. Неговата јачина била 2,4 степени според Рихтеровата скала.