Се реконструира тротоарот на улица „Дебарца“

226

Општина Центар ја започна реконструкцијата на тротоарот по целата должина на улицата „Дебарца“ во Општина Центар.

Како што информираат општинските власти, на површина од 670 квадратни метри се поставува нов слој на асфалт и нови рабници од двете страни, во вкупна должина од 340 метри.

-Тротоарот на оваа улица беше во многу лоша состојба, со големи оштетувања на пешачката патека. Со завршувањето на реконструкцијата жителите на „Дебарца“ добиваат нов и безбеден тротоар – посочија од Општина Центар.