Се реконструира водоводната мрежа за жителите на Бојане

78

Почнаа градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане во општина Сарај која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.

– Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишен проблем во овој дел од градот, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот – изјави градоначалничката Данела Арсовска која заедно со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети извршија увид на одвивањето на активностите.

Таа потенцираше дека Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето во градот согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците со водоводната мрежа е еден од приоритетите.