Се подобруваат локалните патишта

163

По комплетната рехабилитација и реконструкција на локалниот пат Кадино -Клучка Автопат А4, во должина од 1.600 метри, извршена е санација и асфалтирање на два крака на улица „10“ во Кадино во должина од 500 метри. Во истото населено место извршена е санација и асфалтирање на крак од улица „3“, во должина од 170 метри, како и крак на улица „12“, во должина од 50 метри.

Во населено место Миладиновци извршена е санација и асфалтирање на улица „1“ крак 1, во должина од 200 метри, како и улица „4“ крак 1, во должина од 140 метри. Во населба Илинден извршена е санација и асфалтирање на крак 2 на улица „2“, во должина од 625 метри и крак 1 од истата улица, во должина од 120 метри. Во тек се подготовки за санација на пристапниот пат до црквата во Миладиновци, во должина од 700 метри, како и санација на крак на улица „7“, во населба Илинден, покрај гробиштата во должина од 400 метри.