Трофејниот холандски стручњак, Луис Ван Гал, потврди дека добил понуда да биде слектор на фудбалската репрезентација на Чиле. Поранешниот предводник на Ајакс, Барселона, Баерн (М), Манчестер Јунајтед и АЗ Алкмар, откри дека бил контактиран од челниците во Фудбалската федерација на Чиле кои му ја понудиле селекторската функција. Ван Гал побарал неколку дена за да размисли, односно да се консултира со својата фамилија дали да ја прифатили или да ја одбие понудата од Чиле.