Згодната порно-актерка Дајана Томазони пред почетокот на Мундијалот во Катар вети дека за секој гол на Бразил ќе објави експлицитна фотографија на социјалните мрежи. Засега немаше многу што да понуди бидејќи „кариоките“ трипати ја затресоа противничката мрежа.

Бразилката тврди дека му испратила фотографија на која е гола на бразилската ѕвезда Касемиро преку порака на Инстаграм, за голот против Швајцарија.

Касемиро (30) е во брак со инфлуенсерката Ана Маријана Касемиро, која има 338.000 следбеници на Инстаграм. Но, се чини дека тоа не и пречеше на Дајана, која пред натпреварот рече: „Ќе го одработам мојот дел и ќе ја испратам поддршка со многу љубов“.

  • Без разлика дали ќе ја види фотографијата или не, тоа е меѓу нас. Тоа е игра. Нема за погреши, напиша Томазони.

По нејзиното тврдење, следбениците на Дајана почнаа да се прашуваат дали таа навистина му ја испратила порака на Касемиро, поради што експресно добија потврда. Таа објави цензуриран скриншот од испратените пораки, на кои се гледа дека на Бразилецот му испратила видео со порака: „За голот“.

За тоа дали тоа би можело да му зададе главоболка на оженетиот Касемиро, Дајана рече: „Секој има свој начин како да навива и да го бодри својот омилен тим“.

Дајана е очигледно гладна за слава и е подготвена да оди дотаму што ќе уништи нечиј брак, што Касемиро најдобро го вкуси.

На последниот натпревар од групната фаза, 24-годишната беше мини здолниште, но бидејќи Бразилците загубија од Камерун и не успеаја да ја соблечат.

Следен противник за репрезентацијата на Бразил е Јужна Кореја. Во овој дуел „кариоките“ влегуваат како голем фаворит, а Дајана исто така се надева дека стрелците ќе бидат далеку порасположени.