Познатиот американски боксер, Флојд Мејведер, неодамна на посебен начин го прослави својот 44-ти роденден. Американецот пристигна во Масерати вреден 3.000.000 евра на гала прославата, а со него беше и неговата нова девојка Ана Монро.

Флојд и Ана се заедно од почетокот на 2021 година, а она што е интересно е дека атрактивната русокоса се занимава со стриптиз. За да бидат работите уште почудни, таа работела во клуб чиј сопственик е Мејведер, но очигледно тој имал малку поинакви односи со неа.

Колку е сериозен боксерот кога станува збор за неговата врска со неговата избраничка, покажува и информацијата дека веќе беше со неа во Велика Британија за да се сретне со нејзините родители.