Неверојатна сцена се случи во светот на автомобилизмот.

На Диријах Гран При во Формула Е се случи несреќа, во која, поради неверојатна комбинација на околности, немаше сериозни повреди. Со полна брзина, болидот управуван од Алекс Лин едноставно полета во воздух.

Иако овој 28-годишен Британец полета во воздух, а потоа се приземји на „кровот“, поради добрата конструкција на болидот и брзата реакција на стјуардите на патеката, остана без некои посериозни повреди.

Организаторите беа особено воодушевени од ривалот на Лин, Мич Еванс, кој ја напушти трката во моментот кога виде што му се случи на неговиот колега – и истрча да понуди помош.