Секоја чест, имате уште една жртва на вашата сметка!

972

Славниот бразилски фудбалер кој игра во Саудиска Арабија, Неимар, реши да искоментира смртта на младата девојка, Џесика Виторија, која се самоуби откако на социјалните мрежи се прошири информацијата дека е партнерка на комичарот Виндерсон Нунес.

Неимар многупати се убедил во моќта на жолтиот печат, а неодамна цел беше 22-годишната студентка кој според нивните информации имал афера со познатата  медиумска личност.

Станува збор за бразилски комичар, актер, боксер и музичар кој се прослави преку својот YouTube канал. И двајцата ја демантираа информацијата, но тоа не го спречи бранот омраза што се излеа против девојката на социјалните мрежи. Неколку дена подоцна се појави информација за нејзината смрт, а полицијата смета дека „најверојатно се работи за самоубиство“.

Неимар не издржа и на својот Инстастори се осврна на коментарите и медиумите кои ја проширија информации за непотврдената афера.

„Некои озборувачки портали, телевизии и други медиуми мора внимателно да изберат што да објават или кажат. На хејтерите… вие што промовирате омраза, што знаете сè, што имате монопол над вистината, светци кои никогаш не направиле ништо лошо, секоја чест. Имате уште една жртва на вашата сметка“, објави Неимар.

„На интернет нема почит кон друга личност! Вистинска омраза се сите оние кои се кријат зад аватари за да шират лаги за другите. Желбата да се биде најбрзиот новинар може да згасне нечиј живот. НЕ СИТЕ ИМААТ СИЛЕН УМ“, додаде бразилскиот напаѓач.

Џесика Виторија страдала од депресија и во минатото неколку пати се обидела да си го одземе животот. Дури по нејзината смрт, озборувачките профили на Инстаграм „Garoto do Blog“ и „Choquei“, кои најмногу пишуваа за наводната афера и ги игнорираа претходните повици за отстранување на оваа информација, ги избришаа сите материјали на оваа тема.