Поранешната репрезентативка на Франција, Алисон Пино, одигра две сезони во некогашниот македонски шампион Вардaр, 2013/2014 и 2014/2015. Пино двапати играше со Вардар на Ф4-турнирот во Будимпешта и исто толку пати го освојуваше бронзениот медал со него во европската елита.

Искусната ракометарка, која ја игра последната сезона од својата кариера, во интервју за Европската ракометна федерација (ЕХФ) се осврна на својата кариера во Вардар, како и на своето заминување од македонската престолнина. Таа кажа дека сопственикот на Вардар, Сергеј Самсонеко, сакал таа да си замине, но и дека потоа си ја признал грешката.

Во својата кариера, Французинката беше дел и од екипите на Мулино, Мец, Валчеа, Крим, Ним, Баја Маре, Брест Бретањ, Париз и на Будуќност. Во последните три сезони, го носи дресот на словенечкиот шампион Крим Мекатор, клуб во кој ќе ја заврши својата голема кариера.