„Сакам да одам на Светското првенство во 2026 година!“

71

Иако е далеку од старата слава и квалитетот што го имаше кога играше за Тотенхем, играчот од средниот ред на Евертон, Али, е убеден дека може да направи големи работи.

Целта на заборавената ѕвезда е да оди на Светското првенство во 2026 година со репрезентацијата на Англија.

Иако е свесен е дека тоа е голем предизвик за него, бидејќи со години е далеку од вистинската форма поради начинот на живот, Деле Али сака да им докаже на луѓето дека сепак вреди.

„На мојот телефон секој ден алармот се вклучува во 11 часот – потсетникот вели Светско првенство 2026 година“, изјави Деле за Sky Sports и додаде:

„Знам дека луѓето ќе кажат дека не сум играл повеќе од една година, но тоа е мојата цел. Ги знам моите квалитети“.

Својот последен настап во дресот на Бешикташ, фудбалерот на Евертон го имаше во февруари 2023 година, а моментално се опоравува од повредата на колкот.

„Тешкиот период е зад мене, но сега уживам во процесот на опоравување. Го гледам светлото на крајот од тунелот по сите повреди. Морав да бидам трпелив, имав долг период со повреди, многу подеми и падови.”

“Сето ова ми помогна да созреам како личност. Болката од повредите е нешто со кое ќе знам како да се справам кога ќе се вратам на теренот”, изјави Али.

Играчот за врска има договор со Евертон до крајот на актуелнатата сезона и сигурно е дека нема да остане на „Гудисон парк“ туку среќата ќе ја бара на друго место.