Руски функционер го нападна Западот: Профитираат од војната во Украина, еве како

174

Западот, поточно неговата одбранбена индустрија, има корист од војната во Украина, изјави Рашид Нургалиев, прв заменик секретар на рускиот Совет за безбедност, во интервју за aif.ru.

„Западните земји, пред се англосаксонските, профитираат многу од оваа ситуација. Конфликтот отвори голем број можности да се заработат милијарди нарачки за одбранбениот систем за Соединетите Држави и Велика Британија“, изјави високиот безбедносен функционер Рашид Нургалиев.

„Покрај тоа, мислам дека тие се обидуваат да ја уништат Украина што е можно повеќе, бидејќи компаниите стојат на ред за државните нарачки за обнова на инфраструктурата во оваа земја“, додаде тој, а пренесува Тасс.

Исто така, додаде Нургалиев, „Западот е подготвен да испрати сиромашни Украинци на колење за да ја постигнат својата цел да ја ослабат Русија“.