Речиси една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични

83

Францускиот автомобилски пазар остана во 2021 година на историски ниското ниво од 2020 година, со 1,66 милиони продадени автомобили. Притоа скоро една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични, јави дописникот на МИА.

Погоден од здравствената криза, забавен од недостигот на електронски чипови, францускиот автомобилски пазар остана во 2021 година на историски ниското ниво од 2020 година, со 1,66 милиони продадени автомобили (плус 0,5 отсто во споредба со 2020 година).

Производителите не се еднакви пред кризата: Пежо првпат е на прво место во продажба пред Рено, со удел на пазарот со 17,2 проценти, благодарение на Пежо 208.

Електричните возила достигнаадо удел на пазарот со 9,8 отсто, при што Тесла Модел 3 е најпродаван автомобил, првпат пред Рено Зое.