Околу 3.000 литри бензин (800 галони) биле пријавени украдени на бензинска пумпа во Детроит. Според нив, крадецот користел блутут апликација на мобилен телефон за да упадне во системот на пумпата.
-Можат да земат плин колку што сакаат и да дозволат и други возила да пумпаат плин – изјави сопственикот на пумпата за Fox Business.
Вредноста на украденото гориво е 3.000 долари (околу 2.800 евра). Како што дополнително објаснува сопственикот на пумпата, кога ќе се случат вакви работи, рацете практично им се врзани.
– Мораме да ги исклучиме сите пумпи – додава тој. Просечната цена за галон гас во Мичиген во петокот беше околу 3,65 долари.