Реконструкцијата на улиците во Усје во завршна фаза

51

Санацијата на улиците во Усје е во завршна фаза. Општина Кисела Вода асфалтира дел од улиците, а дел ги поплочува со павер елементи. За само неколку дена, ќе биде променет ликот и на овој дел од Општината и жителите на Усје ќе добијат инфраструктурно решение кое ќе им ги подобри условите за живеење. Ова го констатираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по извршениот увид во градежните активности.

 – Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјанци, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но, за жал, нереализирано. Сѐ до денес. Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, со модерен лик и поквалитетен живот. Впрочем, усјанци го добиваат она што го заслужуваат. И не застануваме тука, ништо нема да ме спречи во намерата да ја развиеме и унапредиме Кисела Вода – нагласи Ѓорѓиевски.