Реконструиран спореден крак од улицата „Шарпланинска“

76

Општина Ѓорче Петров реализираше уште еден урбанистички чекор. Завршена е реконструкцијата на крак во должина од 500 метри кој се поврзува со главната улица „Шарпланинска“ во урбаната заедница „Даме Груев“.

Од локалната самоуправа велат дека оваа сервисна улица повеќе од 30 години воопшто не е реконструирана.

-Граѓаните конечно добија соодветни услови што овозможуваат движење и сообраќање по улица направена според сите прописи. Најавив инфраструктурна офанзива и така и ќе биде. Градежни интервенции ќе има и во урбаниот и во руралниот дел на општина Ѓорче Петров, односно во урбаните заедници „Дексион“ и „Мирче Ацев“, како и населените места Волково, Хром и Никиштани –  истакна  Александар Стојкоски, градон ачалник на Општина Ѓорче Петров.