Реконструиран коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, ќе се подигне ново зеленило

590

Продолжува реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“.

-Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 квадратни метри и должина од 1.270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници, а и соодветно партерно ќе се уреди – информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека станува збор за важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.

-Со реконструкција на оваа важна сообраќајница, под надлежност на Град Скопје, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и со тоа се исполнува уште едно децениско барање на жителите – потенцираат градските власти.