Раст на доларот во однос на еврото и другите валути

110

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 139,95 на 140,15 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0700 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0705 долари.