Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека португалскиот интернационалец, Конкало Рамош, не е задоволен од моменталната ситуација и сериозно размислува за промена на клупската средина. Младиот напаѓач нема добра соработка со новиот шеф на стручниот штаб, Луис Енрике и затоа во игра е опцијата за преселба во англиската Премиер лига.