Разбудете ме кога сè ќе заврши

82

Рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, доби драконска казна откако беше сослушан пред комисијата на Невада по инцидентите, по натпреварот со Конор Мекгрегор. Хабиб, кој ја бранеше титулата на овој меч, беше казнет со парична казна од 500.000 долари со суспензија од дури девет месеци.

Во прилог на наведената парична казна, Хабиб ќе мора да му плати на адвокатот 200.000 американски долари и 50.000 за членовите на неговиот тим кои исто така извршија прекршоци. Добрите вести за него е дека суспензијата може да се намали на шест месеци, ако се реши за општествено корисна работа.

По тој повод, борецот се огласи на „Инстаграм“ со зборовите: „Разбудете ме кога сè ќе заврши“, напиша Хабиб до фотографијата на која спие.

Поради драконската казна, Хабиб доне одлука повеќе да не се бори во Невада. Ова јасно го порача преку својот агент Али Абделазиз, така што УФЦ нема да го има Русинот на борбите во Лас Вегас.

Хабиб донесе и одлука дека нема да се боеи се додека не им истече казната и на неговите членови на тимот кои се суспендирани на една година. Зубаир Тукхугов и Абубакар Нурмагомедов добија едногодишна суспензија и мора да платат парична казна од 25.000 долари.

Инаку, неговиот противник во конкретниот натпревар, Конор Мекгрегор, исто така беше суспендиран, но шест месеци, со парична казна од 50.000 долари. Ирецот ќе има можност повторно да се врати во рингот на 6. април годинава.