Рабије Мурати и Антонио Митриќески – добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023

61

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ги соопшти добитниците за 2023 година, за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието на РС Македонија, соопшти Одборот за доделување на наградата.