ММА организацијата ПФЛ го купи Белатор. Тоа е голем деловен потег на ПФЛ, кој станува се поконкурентен со УФЦ, најголемата промоција во мешаните боречки вештини.

  • Во првите пет години, нашата мисија беше да станеме компанија број два во ММА спортот и тоа го постигнавме, а сега поставивме нова цел – да станеме колидер. Ова целосно го менува MMA пејзажот преку ноќ, истакна претседателот на ПФЛ, Дон Дејвис.

Првиот план на ПФЛ е да организира седум борби на актуелните шампиони на Белатор и ПФЛ во 2024 година. Во Белатор има шампиони како Усман Нурмагомедов, Рајан Бадер, Јарослав Амосов и Вадим Немков, а во ПФЛ најголеми ѕвезди се Френсис Нгану и Џејк Пол.