Промоција на извештај од мониторинг на седум институции за правата на потрошувачите

65

Извештај од мониторинг на седум клучни институции за правата на потрошувачи и други резултати од проектот „Чувар на правдата за потрошувачите“ ќе биде презентиран  денеска од Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ.

Од ИСИЕ информираат дека проектот се спроведува со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, кој има за цел да го зајакне капацитетот на Република Северна Македонија за интеграција во Европската Унија, а исто така да го помогне и вклучувањето на граѓанските организации и медиумите во текот на сите фази на пристапниот процес.