Како се тргна на училиште за време на големата пандемија со грип во 1918 година

7281

За време на пандемијата со грип во 1918 година, иако светот во тоа време беше поинаков, дискусијата за поаѓањето на децата на училиште била исто олку бурна како денес, пишува CNN.

Пандемијата на грип уби околу 5 милиони луѓе ширум светот, вклучително и 650 илјади Американци, пред да заврши. И додека повеќето градови во Америка тогаш ги затвориле училиштата, три одлучиле да останат отврени – Њујорк, Чикаго и Њу Хејвен, велат историчарите. Одлуките на здравствените работници во тие градови главно почивале врз хипотезата на службениците за јавно здравје дека учениците се побезбедни додека се на училиште. Сепак, тоа било време на прогрес на државата со акцент на хигиената во училиштата и повќе медицински сестри по ученик, повеќе одошто тоа денес може да се замисли.

Њујорк во 1918 година имал речиси милион деца на училишна возраст, а околу 75 отсто од нив живееле во станови, во пренатрупани населби со често несанитарни услови.

-На учениците од пренаселените квартови училиштето им нудело чисто опкружување во кое наставниците, медицинските сестри и лекарите практикувале и документирале детални рутински медицински инспекции, се вели во еден научен напис од 2010 година посветен на историјата на јавното здравје.

Градовите биле први и најтешко погодени од грипот, вели д-р Хауард Маркел, историчар на медивината и директор на Центарот за историја на медицината во Универзитетот во Мичиген, кој е коавтор на написот.

-Децата ги менувале своите честопати несанитарни домови за големи и чисти училишни згради, каде секогаш имало инспекција и се практикувале редовни прегледи, рекол тогашниот комесар за здравје во Њујорл С. С. Коупленд.

Учениците не смееле да се собираат надвор од училиштето и морале редовно да му се јавуваат на својот учител, а наставниците редовн проверуваледали учениците имаат симптоми на грип. Оние кои имале, биле изолирани. Ако домашните услови биле задоволителни ученикот стаувал дома, ако не здравствените власти го воделе во болница.

Но, бројот на изостаноци од училиште се зголмил за време на пандемијата можеби поради нешто што еден чикашки здравствен работник го нарекол „флуфобија“ (грипофобија) кај родителите.

Но, истражувањето покажало дека градовите кои спровеле карантин и изолација, затворање на училиштата и забрана на јавни собири имале најдобри резултати. -Затворањето на училиштата е еден од придонесите за ова, вели Маркел.

Здравствените работници, вклучително и Маркел, велат дека ковид-19 не е грип, што била добро позната болест во 1918 година. Има уште многу работи што треба да се научат за новиот коронавирус и болеста што ја предизвикува. Според Маркел, денес исправна одлука би било затворање на училиштата.

-Подобро е да бидеме безбедни отколку подоцна да ни биде жал, вели тој.