Од 8 до 14 септември: Саемот на книгата за првпат ќе се одржува на отворено

93

Под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“ од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти ќе се одржи Саемот за книга 2020. Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти, а љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на големиот број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од македонската влада, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста првпат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.