Принцот Хари се плашел дека Меган Маркл ќе заврши како принцезата Дијана/ВИДЕО

520
Фото: screenshot Harry & Meghan | Official Trailer | Netflix

Пристигна првиот трејлер за документарниот серијал на Нетфликс за Меган Маркл и принцот Хари, а на гледачите особено им го привлече вниманието еден детал каде војводата се „плаши“ дека неговата сопруга ќе ја доживее истата судбина како и неговата мајка, принцезата Дијана.

Во трејлерот на серијата „Хари и Меган“, војводата од Сасекс, меѓу другото, ја објаснува историјата на лошиот третман на жените кои стануваат дел од кралското семејство.

„Болката и страдањето на жените кои стапуваат во брак во оваа институција“, вели Хари, додека на екранот трепкаат слики од неговата покојна мајка, принцезата Дијана и насловите на таблоидите.

“Бев преплашен. Не сакав историјата да се повтори”, додал Хари.

Краток коментар даде и Меган, која вели дека сфатила дека кралското семејство „никогаш нема да ја заштити“.

Во трејлерот, кој трае нешто повеќе од една минута, парот е интервјуиран пред камера додека се прикажуваат интимни фотографии од нивниот живот зад сцената. Исто така, се слуша како принцот Хари вели дека никој не гледа „што се случува зад затворени врати“ и дека морал да направи се за да го заштити своето семејство.

Портпаролот на Нетфликс рече дека во документарната серија, војводата и војвотката од Сасекс споделуваат друга страна од нивната љубовна приказна и вети дека тоа ќе биде „невиден поглед на еден од најзборуваните парови во историјата“.

Нетфликс потврди дека првите три епизоди од долгоочекуваната серија ќе бидат објавени на 8-ми декември, а останатите три на 15-ти декември.