На малата сцена во Македонскиот народен театар, на 9 декември, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски. Според режисерот Ивановски „Сè е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка, тогаш невозможно е да ја разберете цената.
„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста што ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.
Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.
Следната изведба ќе биде закажана во текот на јануари 2024 година. Билетите ќе бидат достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ.