Челниците на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, соопштија дека досегашниот тим менаџер на екипата Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и Александар Јовиќ.

Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води Бранислав Ангелковски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот.

Под водство на Јовиќ и Шундовски, Еурогарм Пелистер, ја освои титулата во сезоната 2022/23.

Битолчани вчерва од 20.45 го играат шеститот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, откако претходно ги загубија сите натпревари.