Првиот вселенски ураган исфрла електрони наместо дожд

280

Научници потврдија дека го откриле првиот вселенски ураган над Земјата, а станува збор за маса составена од плазма и ширина илјада километри, која е забележана на неколку стотици километри од Северниот пол, објави списанието „Нејчр комјуникејшн“.Вселенскиот ураган исфрлаше електрони наместо дожд, имаше неколку спирални краци и траеше осум часа пред постепено да исчезне.– Досега не беше сигурно дека вселенската плазма воопшто постои, а доказите за нејзиното постоење се неверојатни, рече Мајк Локвуд, научник на Универзитетот во Ридинг во Велика Британија и коавтор на студијата, Њујорк пост.Небесниот спектакл, патем, беше снимен во 2014 година, но беше откриен неодамна за време на истражувањето спроведено од научници од Шандонг во Кина.