Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе комуницираат со власта само за избори

83

Официјална комуникација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање, каква е комуникацијата помеѓу пратениците во Собранието по изјавата на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека официјална комуникција нема.

-Како што кажа и претседателот на нашата партија комуникација официјална нема. Ние го соопштивме нашиот став дека од тој момент натака сеуште е важечка нема да се разговара за никакви понуди освен за одржување на предвремени парламентарни избори. Така што официјална комуникација помеѓу пратениците од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Стојановски.

Неофицијална комуникација има, а според него се одвива во работните тела односно собраниските комисии.