Погодувате ли што се најде на првото место: Википедија сподели список на најчитаните содржини годинава

1881

Познатата интернет енциклопедија Википедија ја објави листата на најпосетувани статии оваа година, како и вкупниот број прегледи на нејзиниот англиски јазик, кој надмина 84 милијарди.

Најпопуларната статија беше за ChatGPT со речиси 49 милиони прегледи, а потоа следи годишната листа на смртни случаи на Википедија со 42 милиони прегледи, што е скок од 2022 година, кога беше на четвртото место.

На третото место со 38 милиони прегледи е страницата за овогодинешното Светско првенство во крикет.

Потоа следи страницата за хит филмот „Опенхајмер“, а следна според гледаноста е страницата за самиот научник Роберт Опенхајмер.

Најголем број страници на листата на најчитани доаѓаат од сферата на забавата и спортот, па тука се и Тејлор Свифт, Лионел Меси, филмот „Барби“, Премиер лигата, Кристијано Роналдо…

По нив доаѓаат страници поврзани со одредени познати личности како Илон Маск.

На врвот во потрагата се и земјите Индија и САД.