По 22 години:Оскарите воведуваат нова натпреварувачка категорија

474
Нов оскар за најдобар кастинг може да биде воведен од 2026 година, соопшти Академијата на филмска уметност и наука, која го организира доделувањето Оскари.
Извршните директори на Академијата, Бил Крејмер и Џанет Јанг, наведуа во соопштението дека директорите на кастинг „играат суштинска улога во создавањето филмови“.

„Со еволуирањето на Академијата, горди сме што го додаваме кастингот во дисциплинио кои ги препознаваме и славиме“, порачаа тие.

Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-Би-Си.

Овогодишното, 96-то доделување на Оскарите, на кое домаќин ќе биде американскиот водител Џими Кимел, ќе биде одржано во Лос Анџелес на 10-ти март.