![English Premier League - Fulham FC vs Manchester United](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2024/04/ERIK-TEN-HAG-696x464.jpg?x91780)
Откако долго време се обидуваше да го избрка Џејдон Санчо од тимот, а на крајот успеа, Ерик Тен Хаг најде нов играч кој сакаше да го избрка од Манчестер Јунајтед.
Таквиот начин на функционирање на холандскиот стручњак многу им пречи на навивачите на Јунајтед, особено кога станува збор за играчи кои се долго време во нивниот клуб, но тоа не го загрижува шефот на стручниот штаб.
Пред неколку дена Тен Хаг реши да најде начин да го избрка и Антони Марсијал од клубот и на крајот успеа.
Веќе осум години Марсијал го носи дресот на „црвените ѓаволи“, но никогаш не ја постигна константноста која се бараше од него.
Откако Тен Хаг неодамна му нареди да тренира одвоено од тимот бидејќи мислеше дека ја забавува работата на остатокот од тимот на тренинзите, дојде време да се збогуваат.
Потврдено е дека Марсијал на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“, а во наредните месеци ќе обиде да најде нов клуб.
„Марсијал го напушта Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, нема сомнеж во тоа. Тој ќе избере ново клуб во наредните месеци и сега е фокусиран на максимално закрепнување“, напиша познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Французинот долго време немаше можност да соработува со првиот тим, а Тен Хаг секогаш избираше бизарни причини за да го отстрани.
Така, по Санчо и Роналдо, Марсијал е новиот играч кој Тен Хаг на чуден начин го избрка од клубот.
Навивачите на Јунајтед не се задоволни, а некои дури бараат од управата на клубот да го отпушти холандскиот стручњак и да го назначи Герет Саутгејт за нов менаџер.