Пејачката Славица Ќуктераш неодамна се бореше со коронавирусот, а јавноста ja извести дека, по три недели, таа иако конечно има негативен тест, повторно наиде на здравствен проблем.
Славица повторно има треска, цело време зборува низ носот и се чувствува изнемоштено. Сето ова ѝ се случи само две недели откако таа објави дека се изборила со вирусот.
– Повторно имам температура и тоа 39. Исто така имам и гнојна ангина, но јас сум силна. Додека не поминат сите болести и вируси, јас не излегувам од дома, напиша на Инстаграм-стори.