Алушовски одбра 21 ракометар за новата сезона

99

Тренерот на се уште актуелниот европски и македонски ракометен шампион Вардар, Стевче Алушовски, одбра 21 ракометар на чии услуги ќе смета во новата сезона, во која тимот ќе се  натпреварува во Лигата на шампионите и СЕХА, за потоа во вториот дел од сезоната да се приклучат во плејофот од домашното првенство, информираа од редовите на „црвено – црните“

На почетокот на подготовките имаше и повеќемина играчи кои до лани настапуваа во тимот на  Вардар јуниор, а по две недели откако тимот тренира во Скопје, Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим на Вардар. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е да настапат на турнир во Струга од 12 до 16 август.

Алушовски реши со првиот тим да тренираа Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски.

Во тимот на Вардар на подготовките имаше и повеќемина играчи кои до лани настапуваа во тимот на  Вардар јуниор, а по две недели откако тимот тренира во Скопје, Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е да настапат на турнир во Струга од 12 до 16 август

Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.

Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат: ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ, ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Глеб Калараш, Давид Гашоски, Патрик Валчак, КРИЛА: Димитар Димитриоски, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски, Иван Чупиќ, БЕКОВИ: Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Давид Савревски, Ловро Јотиќ, Марко Мишевски

По откажувањето на настапот на турнирот во Кањижа, останува да се игра на турнирот во Струга. Се разговара за одигрување на уште неколку конролни средби, со цел да се биде темпирана формата за 29 август кога во Скопје би требало да гостува Нексе.

Тој натпревар е закажан од страна на СЕХА лига, како реванш четвртфинален од минатата сезона. На првиот меч Вардар победи со 31:30. Победникот од овој дуел треба да настапи на завршниот Ф4 турнир во Задар планиран за почетокот на септември.