Почнува снимањето на новата сезона на серијата „Сексот и градот“, деталите под превезот на тајноста

76

Сара Џесика Паркер, продуцентот и главен столб на актерската екипа на серијата „Сексот и градот“, на Инстаграм објави дека започнало снимањето на новата сезона на серијата „And Just Like That“.

Станува збор за втората сезона од продолжението на познатата серија.

Паркер (57) објави фотографија од сценариото на која е испишан насловот на серијата и „епизода 201“.

Под бројот на епизодата, Паркер ја „покри“ третата напишана линија со пурпурен маркер, веројатно за да го скрие датумот на премиерата.

„Само толку. Засега“, напиша познатата Кери Бредшо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)