Почна реконструкција на улицата „Калош Дани“ во Момин Поток

294

Почнаа активностите за целосна реконструкција на улицата „Калош Дани“ која се наоѓа во населбата Момин Поток.

Станува збор за коловоз во должина од два километри и широчина од четири до шест метри, кој ќе биде реконструиран преку меѓуопштинска соработка на Град Скопје со Општина Карпош, за која се договорија овие две институции.

Во таа насока, Град Скопје ќе инвестира 13.413.467 денари, додека пак Општина Карпош зема обрска да ги решава можните имотно – правни спорови.

Од Општина Карпош велат дека оваа иницијатива е поттикната од јавниот интерес на жителите од овој реон, особено имајќи го предвид фактот дека со изградбата на клучката Момин Поток и кружниот тек, значително ќе биде олеснето движењето на тој потег.